Рама: Влегуваме во тешка недела, губиме луѓе од коронавирусот

Фото: Топ Чанел

Премиерот на Албанија, Еди Рама реагираше на Фејсбук во врска со последните случувања со коронавирусот. Тој вели дека земјата се соочува со тешка недела бидејќи бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемува.

– Влегуваме во третата недела која е многу тешка и во која губиме луѓе. На рака ни стои само една работа за да спасиме што повеќе животи: да ги стиснеме забите и да издржиме, издржиме, издржиме, да не ги прекршиме мерките за ограничување на движењето, да не излеземе од домовите без потреба, движејќи се сами во улица кога е потребно да се излезе, стоејќи во редот најмалку 1 метар пред другиот на пазар-, напиша Рама.

Инаку денеска бројот на лица кои го загубиле животот од коронавирусот се искачи на четири. Првично беше објавено дека е регистрирана и петтата жртва, но министерството за здравство на Албанија само се демантираше изјавувајќи дека 61-годишниот пациент од Тирана не починал туку доживеал клиничка смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот