Рама: Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе биде историски настан за Албанија

Самит ЕУ-Западен Балкан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 6 декември во Тирана е историски настан за земјата, оцени албанскиот премиер Еди Рама кој на социјалните мрежи го сподели логото на Самитот, дизајнирано со албански народни мотиви, боите на националното знаме и боите на знамето на Европската унија.

Албанија е горда првпат да биде домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, историски настан, со почит кон нас кои иднината ја гледаме во големото европско семејство, напиша Рама.

Самитот е прв од ваков вид што се одржува во регионот на Западен Балкан и е дел од спроведувањето на стратешката агенда на Европскиот совет 2019-2024 година.

Се оценува за можност да се потврди клучната важност на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, регион со јасна перспектива кон ЕУ.

Според официјалната агенда објавена на веб-страницата на Советот на Европска Унија, меѓу главните теми на разговор ќе бидат: справување со последиците од руската агресија врз Украина; интензивирање на политичкиот ангажман; зајакнување на безбедноста и градење на отпорност против странско мешање преку справување со предизвиците што ги носи миграцијата, борбата против тероризмот и организираниот криминал. На Самитот ќе се оцени и напредокот во интеграцијата на Западен Балкан на внатрешниот пазар на ЕУ.

Самитот ќе биде можност да се разговара за координирани акции за безбедносни и одбранбени прашања, кои станаа уште поважни во контекст на руската агресија врз Украина.

Исто така, лидерите ќе разменат мислења за заедничкото справување со менаџирањето со миграцијата, бидејќи бројот на миграции од Западен Балкан значително се зголеми во текот на изминатата година. Ова вклучува усогласување на визната политика на ЕУ и соработка за системите за враќање.

Тие ќе разговараат и за зајакнување на соработката против тероризмот и спречување на радикализацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот