Рама: Бугарската блокада на Македонија и Албанија е најантиевропска работа

Неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот/Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Ситуацијата во Македонија, според премиерот на Албанија е првенствено резултат на политиката на Унијата, која не може да стави крај на практиката на киднапирање земји.

Пристапувањето на Албанија во ЕУ е блокирано поради несогласувањата меѓу Македонија и Бугарија. Да го искористиш местото во ЕУ како лост против соседите е најантиевропската работа што може да се замисли, изјави албанскиот премиер Еди Рама на Минхенската безбедносна конференција.

Рама, говорејќи за блокадата на евроинтеграцискиот процес од страна на Бугарија, изрази надеж дека Албанија е веќе одвоена од Македонија бидејќи, како што нагласи, последниот пат на двете држави, не им беше дозволено да го направат следниот чекор.

Тоа се случи поради ситуација која не е поврзана со Албанија, туку со Бугарија. Откако ги одржавме меѓувладините конференции и го завршивме скрининг процесот со ЕУ, мислам дека веќе не сме двојка – додаде тој.

Ситуацијата во Македонија, според премиерот на Албанија е првенствено резултат на политиката на Унијата, која не може да стави крај на практиката на киднапирање земји.

ЕУ им дозволува на своите членки да го користат своето место во блокот како лост против своите соседи. Тоа е најантиевропското нешто што човек може да си го замисли, вели Рама.

Затоа, како што изјави тој, на двете земји треба да им се дозволи да преговараат одделно, а не како пакет.т.

На дискусијата учествуваат и македонскиот претседател Стево Пендаровски, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и американскиот сенатор Џејн Шахин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот