Рама апелира до Собранието на ОН: Свртете ги очите кон сајбербезбедноста, Албанија беше нападната од Иран

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието на Обединетите нации да го зголеми својот фокус на сајбебезбедноста.

Шефот на албанската влада во текот на својот говор истакна дека Албанија била нападната од Исламската Република Иран, со цел да ги парализира јавните услуги и да ги украде податоците.

Исто така, Рама го повика Советот за безбедност посериозно да ја третира сајбербезбедноста.

Тој додаде дека Албанија како одговор ги прекинала дипломатските односи со Иран и предупреди дека таков став ќе има кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции.

„Генералното собрание на ОН да се фокусира на кибербезбедноста. Во јули Албанија стана цел на масовен кибернапад. Јасната намера беше да се парализира јавниот сервис и да се украдат податоци. Продлабочената и долга истрага потврди дека нападот, со кој сакаше да се фрли на колена суверена земја, го изврши Исламската Република Иран. Ги прекинавме дипломатските односи со Иран а тоа ќе го примениме кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции, рече Рама.

Тој побара „Советот за безбедност посериозно да се заземе кога е во прашање сајбербезбедноста“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот