Ракометарките до 20 години утре ќе ги добијат противниците на СП кое ќе се игра во Скопје

Утре со почеток во 13:00 часот ќе се одржи извлекувањето на групи за претстојното 24-то Светско ракометно првенство за девојки до 20 години 2024 кое ќе биде организирано во Скопје во период од 19-ти до 30ти Јуни 2024 година.

Извлекувањето на групите ќе биде спроведено online преку Youtube каналот на Меѓународната ракометна федерација  https://www.youtube.com/@ IhfInfo во рамки на Олимписките квалификциските турнири Paris 2024 Women’s Olympic Qualification tournament.

Извлекувањето започнува со репрезентациите од четвртиот шешир од група А кон група H, потоа се извлекуваат репрезентациите од третиот шешир од група А кон група H, по што следи извлекувањето на репрезентациите од првиот шешир со истиот редослед од група А кон група H.

Пред извлувањето на репрезентациите од вториот шешир, репрезентацијата на Македонија ќе има привилегија да одбере група во која ќе настапиме на  24th IHF Women’s Junior World Championship 2024 во Скопје.

По дефинирање на групата каде ќе се натпреварува македонската репрезнетација, извлекувањето ќе продолжи со извлекување на останати репрезентации од вториот шешир.

Шешир 1: Унгарија , Данска, Романија, Португалија, Шведска, Ангола, Франција, Швајцарија

Шешир 2: Кореа, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Македонија, Германија, Чешка

Шешир 3: Гвинеја, Исланд, Шпанија, Кина, Аргентина, Тунис, Бразил, Јапонија

Шешир 4: Чиле, Кинески Тајпеј, Иран, Мексико, Америка, Алжир, Нов Зеланд, Узбекистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот