„Ракетата“ Рони О’Саливен по седми пат е светски шампион во снукер

Рони О'Саливен/фото: Twitter/World Snooker Tour

Рони О’Саливен по седни пат во кариерата е светски шампион во снукер откако во финалето славеше против Џад Трамп со 18:13 во фремјови. Со новата титула, „ракетата“ О’Саливен се израмни со Стивен Хендри по бројот на триумфи на Светското првенство во снукер.

О’Саливен претходно титулата ја освојуваше во 2001, 2004, 2008, 2012, 2013 и 2020 година.


Финалето започна во неделата и првата сесија му припадна на Рони О’Саливен со 5:3, а во втората ја зголеми предноста на 12:5.

Денеска конечно се разигра Трамп и третата попладневна сесија ја доби со 2:6 со што намали на 14:12.
Последната сесија О’Саливен ја отвори со освојување на три фрејмови по ред и за водство од 17:12.

Трамп успеа да направи брејк од 103 поени и да намали на 17:13, но во следниот фрејм „ракетата“ со мирна игра успеа да слави и по седми пат да ја освои шампионската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот