Рајанер во моментов не размислува за воведување летови од Белград

Високите трошоци на аеродромот Никола Тесла се причината поради која нискобуџетната авиокомпанија Рајанер не планира да лета од Белград „туку продолжува да го следи српскиот пазар во потрага по можности“, пишува порталот Eксјуавиешн. Компанијата Рајанер во Србија одржува летови од Ниш. Аеродромот во Белград е прескап и не ни е опција во моментов.

-Ќе продолжиме да го следиме српскиот пазар. За нас е интересно и ако видиме дека можеме да го претвориме неговиот потенцијал во профит, ќе се одлучиме за натамошно проширување на тој пазар. Сметаме дека српскиот пазар има голем потенцијал. Поставувањето на авионот во Белград во моментов не е опција за нас. Секако, тоа не значи дека Рајанер нема да продолжи да ја шири својата мрежа од Ниш и да придонесе за раст на бројот на патници“, велат од оваа авиокомпанија. Порталот наведува дека Рајанер, во рамките на поранешна Југославија, има база во Загреб, а работи и од Подгорица, кога станува збор за главните градови. Регионално, авиокомпанијата има бази во Будимпешта, Букурешт и Софија, а наскоро ќе започне и со летови до Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот