„Рајанер“ пред најголемиот предизвик во 35 – годишното работење

Нето загубата на компанијата, во периодот од април до јуни, изнесува 185 милиони евра, во однос на нето добивката од 243 милиони евра во истиот период лани.

Нискобиџетниот ирски авиопревозник „Рајанер” денеска соопшти за својата прва загуба во текот на првиот квартал од оваа фискална година, за која смета дека е „најпредизвикувачка во 35-годишната историја на компанијата”, како резултат на последиците од пандемијата на коронавирус.

Нето загубата на компанијата, во периодот од април до јуни, изнесува 185 милиони евра, во однос на нето добивката од 243 милиони евра во истиот период лани.

Приходите се опаднати за 95 проценти, на 125 милиони евра, во кварталот кој заврши на 30 јуни.

Мерките за заштеда на трошоците не може да ја компензираат загубата на приходите.

„Рајанер” изминатиов период услужил само 500.000 патници за разлика од 41,5 милиони во истиот период минатата година.

Од 1 јули авиопревозаникот продолжи со летовите на голем број нејзини рути и очекува побарувачката бавно да расте во следните месеци. Постојат надежи дека до септември ќе достигне 70 проценти од нормалниот сообраќај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот