Радев му го врачи мандатот на Асен Василев за да формира нова влада на Бугарија

Фото Принтскрин Јутуб

Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии во оставка, Асен Васиев денеска од претседателот Румен Радев го доби мандатот за да ја формира новата бугарска влада, јави БГНЕС.

Довербата како нов мандатар, Василев сега ја доби од неговата партија „Продолжуваме со промената“ наспроти неговиот партиски колега Кирил Петков кој досега ја имаше функцијата премиер на Бугарија.

– Бугарија е во политичка, економска и социјална криза. Бугарите споделуваат легитимна загриженост за растот на цените и неизвесноста околу иднината. Од вчера имаме и надворешнополитичка криза – рече Радев при доделувањето на мандатот.

Според Василев, ова за него е огромна одговорност.

– За мене ова е огромна одговорност. Сите сме свесни дека во кризите со кои треба да се соочи Бугарија, исклучително е важно да се има влада. Исто така, важно е тој да работи во интерес на граѓаните, а не во интересот на статус-квото, и таа навистина да ги брани бугарските интереси и независноста на бугарската држава на ист начин како што тоа го правеше првиот кабинет на Продолжуваме со промената – рече Василев.

Владејачката партија има рок од седум дена да предложи владин состав. Доколку истиот не биде одобрен, мандатот ќе оди кај партијата ГЕРБ на Бојко Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот