Радев: Бугарија веќе е во криза, но најголема е владината криза

Румен Радев/ Фото: МИА

Моите критики се однесуваат на оние кои управуваат со нас неефикасно. Јас не се мешам во работите на ниту една партија, но не дозволувам никој да се меша во моите работи. Бугарија веќе е во криза – политичка, здравствена, економска, но најголема е владината криза. Оние кои се на власт секојдневно не туркаат во ќорсокак. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев по денешната посета на Бугарската академија на науките (БАН).

Според него, Бугарија пропаѓа и станува негативен херој во светскиот медиумски простор, губејќи го легитимитетот во сите меѓународни институции.

– На тоа треба веќе да се стави крај преку фер предвремени избори – истакна Радев, нагласувајќи дека е потребна дебата за нов социјален договор.

Во врска со уставните измени на Владата, шефот на државата истакна дека владејачката партија ГЕРБ предизвика „потсмев”.

– Јас го избрав другиот пат – прво разговори со академската заедница за идентификување на проблемите, разговор со невладини организации и граѓани, разговори со експерти, со сите институции и на крај разговори со партиите. Постигнавме друга фаза на социјален развој поради протестите и поради целосната недоверба во овој Парламент. Не гледам причина сега да ги поднесам моите предлози за измени на Уставот, ќе ги доставам кога бугарскиот парламент ќе го врати легитимитетот, односно по изборите – нагласи бугарскиот претседател.

Радев додаде дека без силна, обединета и конструктивна опозиција, секоја демократија згаснува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот