Работник на ЕВН тешко повреден во битолско

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Работник на ЕВН тешко се повредил вчера додека работел во битолско, соопшти МВР.

„На 04.05.2023 во СВР Битола било пријавено дека Н.Ѓ.(41) од Битола, вработен во ЕВН, се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во с.Кажани, битолско. Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош“.

На местото бил извршен увид и за настанот бил запознаен трудов инспектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот