Работниците на Фиат во Словачка не сакаат 12-часовни смени

Повеќе од стотина работници на Фиат од Крагуевац, ангажирани на двегодишна работа во погоните на авто-сојузот Стелантис во Трнава, Словачка, се незадоволни бидејќи раководството ги известило дека од 1 јануари ќе работат од понеделник до четврток во 12. часовни смени, и дека погоните ќе мируваат во петок.

Според Н1, на работниците не им се допаѓа што смените траат по 12 часа меѓу нив, бидејќи тоа не е наведено во договорот, пренесе Данас рс.

– Ја чекаме официјалната потврда за тоа што ни го пренесоа супервизорите. Ако се случат смени од дванаесет часа, тоа ќе предизвика карамбол. Моите колеги најмногу се против воведување промени. Бараме и државата Србија да се вклучи во решавањето на оваа приказна, бидејќи е трет сопственик на фабриката за автомобили во Крагуевац – истакна за Н1 вработен во Стелантис, кој побара анонимност.

На привремена работа во Словачка беа ангажирани две групи работници од Крагуевац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот