Работнички пресилен за младите „штркови“!

facebook.com/kkmztskopje

Во последниот петти натпревар од првото коло во новата сезона од најдобрата македонска кошаркарска лига Работнички славеше убедливо со конечен резултат 103:58 (24:14, 24:21, 27:16, 28:7) против екипата на МЗТ Скопје УНИ БАНКА.

Младите „штркови“ свесни дека ја имаат улогата на аутсајдер го даваа максимумот во сите 40 минути, собирајќи драгоцено искуство за времето кои е пред нив.

Најефикасни во тимот од Градски парк победничките редови беа В. Ефремовски со 23 поени и Б. Двејн со 19 поени (девет скокови, четири асистенции, пет украдени топки).

На спротивната страна по 12 поени и 10 скокови имаа Л. Тодоровски и Б. Стојановски. Да потсетиме, на останатите средби од стартната рунда беа остварени следните резултати: Вардар-Еуро Никел 2005 82:92, Кожув-МЗТ Скопје Аеродром 76:78, Гостивар-Академија ФМП 95:75 и Куманово-Пелистер 84:79.

Двојки, 2. коло: Еуро Никел 2005-Пелистер, Академија ФМП-Куманово, Работнички-Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром-МЗТ Скопје УНИ БАНКА и Вардар-Кожув.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот