Работнички го освои „Јасмин“, тимот од Градски парк се бори за влез во првата „четворка“

фото: kfsm.mk

Во натпревар со голем број на резултатски промени, играчите на Работнички излегоа како победници против Еуро Никел 2005 со резултат 80:75 во Првата македонска кошаркарска лига.

Ова е уште еден чекор напред за тимот од „Градски парк“ во трката за што подобра позиција на првенствената табела.

Во победничките редови Џелетовиќ доминираше со 18 поени (девет скокови), а на спротивната страна „дабл-дабл“ учинок оствари Планиниќ (22 поени, 10 скокови).

Се одиграа уште два меча во неделата, Куманово триумфираше над Струмица со 89:82, додека Чаир 2030 беше подобар од ФМП Академија (72:60).

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 38 бодови, Пелистер 38, ТФТ 35, Гостивар 35, Работнички 34, Еуро Никел 2005 32, Феникс 2010 31, Кожув 30, Чаир 2030 26, ФМП Академија 26, Куманово 26, Струмица 23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот