ПУТИН ПОТПИША! Русија ја прекинува примената на нуклеарниот договор со САД

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша законот со кој се прекинува примената на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од периодот на Студената војна.

Законот, кој е усвоен во Долниот дом на рускиот Парламент на 18 јуни, а Горниот дом го усвои на 26 јуни, е објавен на официјалната страница за правни информации.

Во него се наведува и дека шефот на државата ќе одлучува за обновување на примената на Договорот.

Путин во февруари оваа година најави дека ќе го прекине учеството на Русија во Договорот по ненадејната одлука на САД да се повлечат од Договорот.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври минатата година соопшти дека САД ќе се повлечат од Договорот, кој беше камен темелник за европската безбедност од потпишувањето во 1987 година.

Прочитајте и...  Бугарија ќе купи уште осум Ф-16 авиони, а ќе ги модернизира С-300

Москва подоцна вети соодветен одговор на одлуката на Вашингтон и најави дека ќе го суспендира своето учество во Договорот.

Прочитај повеќе

Одложено лансирањето на ракетата, нов обид во сабота

Слободен печат

Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања

Слободен печат

Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Слободен печат

САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Слободен печат

Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс” со американски астронаути

Слободен печат

Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

Слободен печат

Заев апелира мерките да се почитуваат без исклучок

Слободен печат

ВО ЖИВО: Следете го историското полетување, НАСА и Спејсикс испраќаат астронаути во вселената

Слободен печат

Борел: Единствено дијалогот на ЕУ гарантира европска иднина на Србија и на Косово

Слободен печат

Терминот во којшто може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни

Слободен печат