Путин: Кризата со гас во Европа влијае и на Русија

Владимир Путин, рускиот претседател / Фото: ЕПА

Она што се случува на светскиот енергетски пазар влијае и врз нашата земја, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на Владата, по повод актуелните случувања околу енергетската криза

Фото EPA/SERGEY DOLZHENKO

Според Путин, Русија не е заинтересирана за бескраен пораст на цените на енергетските ресурси, вклучувајќи го и гасот, и дека поскапувањата се случуваат против волјата на властите во Москва.

Руски гасовод/ Фото EPA/ROBERT GHEMENT

Идентично како и останатите држави и Русија е загрижена од можните последици од кризата на енергетскиот пазар во Европа.

„Она што ме загрижува и, како што разбирам, она што ја загрижува руската влада се можните последици од кризата на енергетскиот пазар, вклучително и мерките за поддршка на населението предложени од некои наши колеги во Европа“, рече Путин

Тој додаде дека овие мерки може да доведат до многу проблеми во различни области.

Доколку дојде до намалување на потрошувачката, а тоа е логичен резултат на поскапувањата, тоа ќе влијае и врз нашите производствени компании и на Газпром, објасни Путин.

Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Во исто време, претседателот на Русија истакна дека Москва работи на бројни мерки за неутрализирање на негативните последици од растот на светските цени на природниот гас.

Цените на бензинот во Европа драстично скокнаа во последните месеци. Од почетокот на август до крајот на септември цената се зголеми повеќе од двојно, а на 6 октомври достигна историски максимум од 1.937 долари за илјада кубни метри, по што вредноста на пазарот почна да паѓа, но цените сепак останаа да ја надминуваат границата од илјада долари.

Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Експертите го објаснуваат зголемувањето на цените на бензинот на ниското ниво на искористеност на складиштето на гас, ограничената понуда на главните добавувачи и големата побарувачка за природен течен природен гас во Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот