ПСЖ сака што поскоро да се раздели со Нејмар и Меси!?

Ни со Меси и Нејмар ПСЖ не успеа сезонава да ја освои ЛШ/ Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Раководството на францускиот фудбалски шампион ПСЖ сака да продаде две од големите ѕвезди во составот, Лионел Меси и Нејмар, пренесува „КОПЕ“.

Причината е што 35-годишниот Аргентинец Меси и 30-годишниот Бразилец Нејмар не се вклопуваат во новата стратегија на парискиот клуб.

Планот на очекуваниот нов тренер на тимот Кристоф Галтие и спортскиот директор на клубот Луис Кампос е да изградат поконкурентен тим со помалку ѕвезди.

Шефовите на ПСЖ сакаат што поскоро да ги продадат Меси и Нејмар, но сфаќаат дека тоа ќе биде тешко остварливо поради високите финансиски барања на двајцата фудбалери.

Покрај тоа, Бразилецот останува најскапиот фудбалер на светот откако парижаните за него ѝ платија на Барселона 222 милиони евра и сѐ уште се надеваат дека ќе можат да повратат барем дел од таа сума. Во последните денови се шпекулираше дека интерес за него покажува Челси.

ПСЖ го донесе првото засилување, наскоро доаѓаат уште тројца фудбалери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот