Прво полувреме: Куртоа го чува Реал, судијата Турпан му поништи гол на Бензема

Сензори ќе бидат сместени во центарот на топката/ фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Првото полувреме од финалето во Лигата на шампионите во кое играат Ливерпул и Реал Мадрид заврши без голови,иако и двете екипи можат да жалат за пропуштените шанси. Фудбалерите на Ливерпул имаа повеќе шанси, повеќе шутеви во рамките на голот, но Реал Мадрид во финишот постигна гол преку Бензема кој беше поништен поради офсајд.

Првите 15-тина минуа поминаа без шанси, а во прв се закани Ливерпул во 16 минута преку Салах кој не успеа да го изненади Куртоа. Следниот напад Салах исто така шутираше од 20-тина метри, но Куртоа беше сигурен. Во 20. минута, Куртоа со крајни напори и со помош на стативата го запре шутот на Садио Мане.

Потоа следуваше помирна игра на двете екипи без големи шанси. Во финишот од првиот дел Бензема постигна гол кој беше поништен од судијата Турпан поради офсајд, но на потврда на таквата одлука неколку минути се чекаше од ВАР собата. На крајот, одлуката не беше променета и Ливерпул и Реал Мадрид на одмор заминаа со почетниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот