Прва лига: „Трипл-дабл“ на Мустафица, Чаир 2030 го дели врвот со МЗТ и ТФТ

фото: kfsm.mk

Екипата на Чаир 2030 им се приклучи на МЗТ Скопје и ТФТ Моцарт на делба на првото место на табелата во Првата македонска кошаркарска лига, откако стигна до убедлива победа на гостински терен, против Навико Академија ФМП.

Комплетна доминација остварија гостинските кошаркари уште во првото полувреме. Или подобро кажано, во првите 10 минути. Прв период од играта во која Чаир 2030 стигна до големи, и повеќе од убедливи (32:10). Имаа гостите и уште повисока позитива во текот на втората четвртина. Во 16.минута водеа и со (49:18), за на полувремето таа негатива за Навико Академија ФМП да биде и нешто пониска (30:53).

Налик на втората, беше и третата четвртина, извесно, задоволни од високото водство, гостите од Чаир одлучија да го оддржуваат, и во најголем дел од второто полувреме и успеваа во тоа. Овој меч ќе биде запаметен и по трипл-дабл ефектот кој го направи Недим Мустафица. Искусниот крилен играч на Чаир 2030 дојде до скор од 14 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

А Корбет потврди дека во овој момент е веројатно најкорисниот во ростерот на тренерот Ерхан Рамадан. Овој меч го затвори со двоен ефект од 24 поени и 11.скока. Петровски постигна 21 поен еден помалку даде Џордан Огундиран, додека Брукс дојде до дабл-дабл учинок од 19 поени и 11 скокови кај Навико Академија ФМП, екипа која го запиша и петтиот пораз во исто толку одиграни мечеви.

Прва лига
Резултати, петто коло

Навико Академија ФМП – Чаир 2030 74:107
Гостивар – Феникс 2010 63:66
Кожув – ТФТ Моцарт 55:64
МЗТ Скопје – Еуро Никел 2005 71:61
Вардар – Работнички 68:119
Пелистер – Охрид 97:57

Табела: Чаир 2030 9 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 9, ТФТ Моцарт 9, Еуро Никел 2005 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 2010 8, Вардар 7, Гостивар 7, Кожув 6, Охрид 6, Навико Академија ФМП 5.

Идно коло, 4 ноември

Чаир 2030 – Кожув
Работнички – Еуро Никел 2005
ТФТ – Гостивар
Феникс 2010 – Пелистер
Вардар – Навико Академија ФМП
Охрид – МЗТ Скопје Аеродром

Прва кошаркарска лига (жени)

Недела
Пробаскет – Вардар 62:82

Табела по четири кола: Баскет Кам 8 бодови, Вардар 8, МЗТ Скопје 7, Куманово Гризли 7, Крива Паланка 5, Пробаскет 5, Бадел 1862 Скопје 4, Струга 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот