ПРВ ПАТ ВО ДЕВЕТ ГОДИНИ: Северна Македонија не беше присутна на самитот во Тирана

Фото: ЕПА/Горан Личовски

Северна Македонија за прв пат во девет години немаше свој претставник на регионалниот самит „Брдо-Бриони“, кој се одржа денеска во Тирана.

Претседателот чиј мандат наскоро истекува, Ѓорѓе Иванов,требаше да присуствува на овој регионален собир, но тој од порано изјавил дека не сака да присуствува.

„Поради исклучително краткиот период пред крајот на мојот претседателски мандат и инаугурацијата на новиот претседател, за жал нема да можам да учествувам на овој многу важен собир“, наведе Иванов во писмо упатено до лидерите на земјите учеснички на овој самит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот