Протести во скопската населба Ченто (ВИДЕО)

Во моментов поголема група граѓани се собрани и протестираат откако полицијата за време на полицискиот час уапсила три лица.

Лицата се уапсени бидејќи не ја почитувале забраната за движење која важи на целата териотрија на земјава од 16 часот со 5 часот наутро, како револт за ова апсење поголем број луѓе се на улиците.

Според наводите на новинарските екипи приведените граѓани играле карти во двор.

По инцидентот се појавил и градоначалникот на Гази Баба,  Борис Георгиевски за да ги смири насобраните граѓани, јавуваат граѓани.

Сега состојбата се смирува, јавува репортерот на ТВ21 од лице место. За Телевизија 21 зборуваше и лицето кое било притворено од страна на полицијата и рече дека веднаш било ослободено.

На прашање на ТВ21, рече дека се случило тоа бидејќи биле неколку лица во дворот, но дека тоа не било ништо сериозно. Додава дека од страна на полицијата не била користена сила врз него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот