Протести и на Нов Зеланд поради смртта на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW 

Демонстрантите во Оукленд за време на мирниот марш седеа на улица со подигнати тупаници, знак на единство, солидарност и „црната сила”.

Илјадници луѓе на Нов Зеланд денеска мирно протестираа, извикувајќи „Животите на црните луѓе се важни” поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на полициска интервенција во САД.

Тоа е еден од низата протести што од САД се проширија низ светот, од Лондон и Берлин до Австралија и Холандија, откако беше објавена снимка како полицаец со колено го притиска Флојд на вратот речиси девет минути, додека тој предупредува дека не може да дише.

Демонстрантите во Оукленд за време на мирниот марш седеа на улица со подигнати тупаници, знак на единство, солидарност и „црната сила”.

Демонстрантите пред Конзулатот на САД носеа транспаренти на кои пишуваше „Правда за Џорџ Флојд” и „Дали ние сме следни”.

Во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон стотици луѓе прошетаа пред зградата на Парламентот, извикувајќи „Животот на црните луѓе е важен”.

Прочитајте:

ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ВИДЕО)

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот