Протест на тутунари пред откупен пункт во Струмичко

фото: МИА

Незадоволни од откупните цени и проценката на тутунот денеска тутунари од село Градашорци со мирен протест пред откупен пунт во селото побараа повисоки откупни цени и укинување на четвртата класа.

Тутунопроизводителите велат дека лошо почнал годинашниот откуп и покрај барањата за повисоки цени и укинување на четвртата класа, побараа од откупувачите да се откупи и вишокот производство.

– Бараме помош од државата да нема четврта класа при проценката на тутунот и да се откупат и количините кои не се договорени преку евидентните листови, рекоа тутунари од село Градашорци.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, по денешната средба со тутунопроизводителите и откупувачите, рече дека се размислува за укинување на четвртата класа, која за министерот билa нелогично да постои. Тој најави дека во наредните денови ќе се разгледуваат правните можности за укинување на оваа класа и доколку се донесе таква одлука, тогаш и просечната откупна цена ќе се зголеми и ќе се задоволат барањата на производителите на тутун.

Хоџа додаде дека договорените количини тутун ќе се откупат, а од откупните компании имало најави дека и вишокот на производство ќе биде откупен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот