Просинечки ја напушти репрезентацијата на БиХ

Главна причина за заминувањето од селекторската функција на Роберт Просинечки е неуспехот во квалификациите на ЕВРО 2020, каде подобри од репрезентацијата на БиХ, веа Италија, Финска и Грција.

– Спогодбено ја раскинавме соработката со Роберт Просинечки. Вчера имавме состанок, а денеска телефонски разговаравме со членовите на Извршниот одбор и донесовме конечна одлука – изјави Милорад Софрениќ, потпретседателот на фудбалската федерација на БиХ.

Репрезентацијата на БиХ иако беше четврта во квалификациската група, има уште една шанса да обезбеди пласман на ЕВРО 2020 преку плејофот во Лигата на нациите.
Како главен фаворит за наследник на Просинечки фигурира името на поранешниот селектор, Сафет Сушиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот