Просечната нето-плата во јули 27.231 денар

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денар, додека бруто платата изнесувала 40.640 денари. Според Државниот завод за статистика, во однос на јули 2019 година нето платата е поголема за 8,5 отсто, а бруто платата за девет проценти.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,7 отсто), Информации и комуникации (12,4) и Дејности на здравствена  и социјална заштита (12,3). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (7,1) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6), наведува Заводот за статистика.

Во однос на бруто платата, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето во секторите: Образование (13,8 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.6) и Информации и комуникации (12,2 процента). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9 отсто), Уметност, забава и рекреација (6,8) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот