Пронајдени 47 мигранти во „Фиат Дукато“, возачот побегнал

Фото: Принтскрин/Kanal MUP-a RH i policije

На 21.02.2020 околу 21.00 часот на излезот од с.Банско кон с.Свидовица од полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични работи Исток по превземени активности пронашле паркирано товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки во кое што биле пронајдени 47 лица-мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, додека возачот на возилото го напуштил местото на настанот.

За настанот е запознат јавен обвинител а лицата –мигранти се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и Привремениот транзитен центар во Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот