Полицијата откри илегален пластеник со „трева“ во скопско, приведен е производителот

Лабораторија за производство на марихуана во скопско / фото: МВР

„Денеска, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во с. Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабораторија за производство на марихуана“, соопшти МВР.

Пронајдени се околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, како и околу два килограми марихуана.

Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот