Промоција на прирачник за јавно-граѓанско партнерство по повод 10 години КСП „Центар Јадро”

На изложба во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје се претставени реализирани проекти на дел од организациите членки на „Јадро“

По повод 10 години од своето постоење, Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, денеска ќе го промовира „Прирачникот за градење на институционален модел на јавно-граѓанско партнерство во културата: досегашни искуства, предизвици и идни насоки”.

Уредник и автор на предговорот на прирачникот е Јане Чаловски, а свои осврти имаат и авторите Искра Гешоска, Артан Садику, Јасмина Билаловиќ, Никола Гелевски, Дарко Алексовски, Симона Манчева и Дона Костуранова.

Една од клучните цели што Асоцијацијата ги има поставено во својата мисија за сеопфатно зајакнување на независниот културен сектор, секако е транспарентното презентирање на принципот на јавно-граѓанско партнерство, што е воедно и фокусот на овој прирачник. Прирачникот претставува сублимација на досега стекнатите искуства во процесите на артикулирање и застапување за моделот на јавно-граѓанско партнерство преку постоечките законски регулативи во Република Северна Македонија, велат од Јадро.
На промоцијата воведно обраќање ќе има уредникот, а потоа ќе следува разговор со авторите и публиката во насока на предизвиците со кои се соочува независната културна сцена и сите актери во неа. Дискусијата ќе ја води програмската координаторка Тијана Ана Спасовска.

Како прва публикација, прирачникот е исчекор во насока на отворениот и критички дискурс по кој „Јадро – Асоцијација на независната културна сцена” се води и е препознаена во државни и регионални рамки, од своите почетоци од 2012 година, па сè досега”, велат од Јадро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот