Промени поради коронавирусот: Во ресторан во Холандија келнерите заменети со роботи!

принтскрин

Ресторан во Холандија почнал да користи роботи наместо келнери со цел да ги намали контактите меѓу луѓето во текот на пандемијата на коронавирус.

Роботите ги поздравуваат гостите, можат да кажат „Здраво“ и „Добре дојде“, сервираат храна и ги собираат искористените садови од масите во ресторанот.

„Ни помагаат во работата што ја вршиме. Често сме многу зафатени, а ни помага тоа што роботите можат да ги чистат масите. Луѓето не исчезнуваат од оваа индустрија. Сè уште се тука и ќе бидат потребни и во иднина“, порачале сопствениците на ресторанот.

Рестораните во Холандија беа затворени со месеци, а сега многу од нив продолжуваат со работа со рестрикција на бројот на гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот