Производството на млеко во Србија падна за повеќе од 20 отсто

млеко
Фото: Пиксабеј

Млекото, како еден од основните прехранбени производи во Србија, станува се подефицитарно, што покажува и податокот дека производството на млеко во четвртиот квартал од 2023 година и во однос на истиот период од претходната година, е намалено за 20 проценти, пишува „СЕЕ.биз.еу“.

И покрај тоа, според производителите, државата нема план да го реши овој проблем, додека големите млекарници не се заинтересирани за тоа, бидејќи можат без домашно млеко. Во Србија застапеноста на кравјото млеко во вкупното производство на млеко на фармите е околу 97 отсто. Во 2023 година, според податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС), производството на кравјо млеко за пиење во млекарниците е намалено за 7,5 отсто, во однос на претходната година. Она што загрижува е што во последниот квартал од минатата година е забележан пад на производството на кравјо млеко за 21,3 отсто во однос на истиот квартал од 2022 година.

Во Србија, според резултатите од последниот земјоделски попис, има 725.408 говеда, што претставува намалување од 17,7 отсто во однос на 2018 година. Според податоците на РЖС, кои ја покажуваат состојбата на 1 декември 2023 година, бројот на добитокот е помал за 9,3 отсто во однос на претходната година. За уште подолг период, од 2013 до 2022 година, вкупниот број на говеда е помал за 18,2 отсто, покажуваат овие податоци. Агроекономскиот аналитичар Жарко Галетин за Данас посочува дека млекото е една од прехранбените артикли каде што стануваме зависни од увоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот