Проф. Калајџиев за Советот на обвинители: Ленче сакаат да ја запалат на клада зашто ги критикувала, тоа е скандал

Професор Гордан Калајџиев

Професорот Гордан Калајџиев вечерва во емисијата „24 анализа“ го коментираше денешниот потег на Советот на јавни обвинители, кој најави дисциплински мерки против обвинителката Ленче Ристоска, која јавно го критикуваше Советот, наведувајќи дека како што е поставен сега, тој е извор на тргување со влијание.

Професорот вели дека сме мислеле дека случајот со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева бил скандалозен, но сега имаме „нови настани во една циркузијада“.

„За мене не беше скандал со Судскиот совет, туку со обвинителскиот совет каде сакаат Ленче да ја запалат како вештерка зошто ги критикувала. И не е првпат овој совет да прозива критичари. Тој тип на работа и размислување е навистина застрашувачки“, вели проф. Калајџиев.

Тој додава дека дел од причините за караниците и несогласувањата во Судскиот совет е и изборот на кадар за претседател.

„Би било добро да се размислува кои се причините за дисфункционалноста на меѓучовечките односи. Дел од проблемот е самата претседателка. И сегашната и претходната претседателка згрешиле зошто се лесна мета иако имале најдобра намера. Не можеш да донесеш анонимус за претседател на Судски совет“, рече професорот Калајџиев.

„Сите за правично судење“: Судскиот совет не ја испочитува процедурата за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот