Продолжуваат тензиите на Лезбос и Хиос

Жителите на Лезбос и Хиос, по инцидентите во текот на ноќта и обидите да ги спречат камионите и булдожерите кои под силно полициско обезбедување стигнаа на островите за изградба на затворените центри и рано утрово продолжија со блокадите, јави дописничката на МИА од Атина.

Повторно беше тензично и на Лезбос и на Хиос, а локалното население овој пат блокадите ги постави на патот што води до локациите предвидени за изградба на затворените центри за бегалци и мигранти.

Префектот на северниот дел од Егејското море, кој е заедно со жителите на Лезбос на една од блокадите, преку неговиот „Фејсбук” профил коментираше дека „денеска е срамен ден за сите”, вели дека е срамота жителите кои ги чуваат островите „да бидат тепани и да страдаат”, но додаде дека ни за време на Хунтата не се правеле такви работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот