Продолжува собраниската дебата за буџетот

Буџетот трет ден ќе биде тема на дебата на пратениците во Собранието. Пленарната седница е закажана во 11.00 часот, а дополнителниот предлог за изменување и дополнување на буџетот е во второ читање.

Капиталните инвестиции, странските инвеститори, проектот за враќање на данокот, но и кој вложувал во културата, беа меѓу темите на народните избраници на вчерашниот ден од дебатата, која помина со низа реплики и контрареплики. Пратениците на владејачкото мнозинство и на опозицијата се препукуваа и за проектот „Скопје 2014“.

Пратениците од СДСМ оценија дека ребалансот на Буџетот е развоен и оти повеќе пари ќе се слеат кон граѓаните и кон бизнисот со што ќе се поттикне и раст на економијата. Според нив, сите показатели на меѓународните институции покажуваат дека државата добро напредува. За проектот „МојДДВ“ посочија дека и во времето на ВМРО-ДПМНЕ биле организирани наградни игри за да се подобри фискалната дисциплина и да се намали сивата економија.

За ВМРО-ДПМНЕ, пак, ребалансот на Буџетот нема развојна компонента, а не се реализирани и капиталните инвестиции. Критики упатија дека се зголемува јавниот долг и оти се кратат средства во образованието, културата, инфраструктурата и животната средина.

Расправата може да трае до пет дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот