Продолжува ЛШ: Ливерпул го освојува Мадрид, „светци“ против „милионери“!

фото: твитер

Фудбалерите на Јирген Клоп во 26 одиграни натпревари во Премиер лигата и шест во Лигата на шампионите забележаа дури 29 победи..

Чекањето конечно заврши, најдобрите европски фудбалери по двомесечна пауза, повторно ќе ни приредат спектакл овој пат во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Вечерва во првите натпревари од осминафиналето од 21.00 часот ќе уживаме во вистински дербија на „Ванда Метрополитано“, каде Атлетико го пречекува Ливерпул, а на „Вестфален“ Борусија Дортмунд е домаќин на ПСЖ.

„Јорганџиите“ немаа среќа во ждрепката, го добија актуелниот бранител на титулата во ЛШ кој сезонава е како „брз воз“ доминирајќи во Англија и Европа.

Фудбалерите на Јирген Клоп во 26 одиграни натпревари во Премиер лигата и шест во Лигата на шампионите забележаа дури 29 победи, двапати ремизираа и само со еден пораз, што покажува дека „црвените“ се фаворити во овој двомеч за пласман во четвртфиналето.

Атлетико има само еден триумф на последните седум натпревари во сите шпански натпреварувања. На најпосетуваниот европски стадион, головите се загарантирани бидејќи и „жолто-црните“ и парижаните се во фантастична форма.

Дортмунд има постигнато дури 24 гола на последните шест натпревари во Германија, а „светците“ само еден гол помалку во Франција во тој период.

Лига на шампиони, осминафинале –
Први натпревари

Денеска –
21.00 часот Атлетико Мадрид-Ливерпул
21.00 часот Борусија Дортмунд-ПСЖ

Среда –
21.00 часот Аталанта-Валенсија
21.00 часот Тотенхем-Лајпциг

25. февруари –
21.00 часот Челзи-Баерн Минхен
21.00 часот Наполи-Барселона

26. февруари –
21.00 часот Лион-Јувентус
21.00 часот Реал Мадрид-Манчестер сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот