Проблемите се минато, Лејкерс е во победничка серија

Леброн Џејмс („Лос Анџелес лејкерс“) има најмногу поени во историјата на НБА лигата/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс влезе во победничка серија во новата сезона од НБА лигата, откако по продолжението од пет минути прослави триумф против тимот Њу Орлеанс, од 120-117.
До победата домаќините ги предводеше Вокер со 28 поени, додека Вилијамсон беше најрасположен кај гостите со 27 поени, 7 асистенции и 5 скока.
Лука Дончиќ имаше нов одличен натпревар проследен со дабл-дабл од 33 поени и 11 асистенции, но истиот не беше доволен неговиот Далас да забележи победа на домашен терен. Овој пат во домот на тексашкиот тим славеше Јута со 103-110 која ја предводеше Кларксон со 22 поени и 8 асистенции.

Во останатите натпревари:

Кливленд – Босон 114-113
Мајами – Сакраменто 110-107
Њујорк – Аталанта 99-112
Чикаго – Шарлот 106-88
Хјустон – Клиперс 101-109
Милвоки – Детроит 116-91
Сан Антонио – Торонто 100-143
Портланд – Мемфис 106-111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот