Приведени три лица за поседување марихуана

Марихуана/Фото: EPA

Во три одделни акции службениците на МВР приведоа три лица кои поседувале марихуана, информира МВР.

-На 17.08.2020 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така синоќа во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Веле Марков“, го лишиле од слобода Р.В.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана- наведуваат од МВР.

Доцна синоча околу 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба, го лишиле од слобода Е.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против тројцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот