Приведени над 100 демонстранти во Белорусија, меѓу нив и новинари

Фото: EPA-EFE/STR

Повеќе од 100 луѓе кои учествуваa на денешните протести во Белорусија се притворени, соопшти организацијата за заштита на човековите права „Весна”.

На веб-страницата на организацијата е објавен список со приведените демонстранти на кој има 107 имиња. Најголем дел од нив се во Минск, а останатите во Брест, во Гродно, во Смолевичи и во Хотежино.

Меѓу уапсените има и неколкумина новинари кои работеле за руски медиуми и известувале од протестите, соопшти Белоруското здружение на новинари. Тие се однесени во полициска станица и откако им биле проверени документите биле ослободени.

Опозицијата во Белорусија денеска ги организираше своите најголеми протести. Наместо поворка низ центарот на Минск, се одржаа неколку локални акции во различни делови на главниот град.

Според очевидци и локалните медиуми, мали групи приврзаници на белоруската опозиција се собираат во различни делови на Минск, каде безбедносните сили се обидуваат да спречат формирање колони.

Масовни протести започнаа во Белорусија по одржувањето на претседателските избори на 9 август, на кои претседателот Александар Лукашенко прогласи победа со освоени над 80 проценти од гласовите. Изборните резултати не беа признати од белоруската опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот