Приведена опасна гостиварка (28) – осомничена за тешка кражба на автобуската станица

Фото: Архива на Слободен печат

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска (8 септември) ја лишиле од слобода 28-годишната М.И.од гостиварски Вруток, поради сомнение за нејзина инволвираност во тешката кражба која била извршена на Меѓуградската автобуска станица во Гостивар, 6/7 септември, во периодот од 20 до 6 часот, кога според пријавеното биле одземени пари, мобилен телефон и клучеви од два автобуса.

М.И.била задржана во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот