Приведен велешанец за кого била распишана национална потерница

На 16.08.2019 во 21.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош и СВР Велес на подрачјето на Велес го лишиле од слобода М.Е.(59) од Велес, за кого била распишана национална потерница за издржување на казна затвор по наредба од Основен кривичен суд Скопје, поради сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „злосторничко здружување“, „шпионажа“, „измама“, „прикривање“ и „уцена“.

Тој бил приведен во Полициска станица Велес, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на казната затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот