Приведен маж од Велешта, во неговото возило било пронајдено оружје

Пиштол, оружје
Фото: Pexels/Somchai Kongkamsri

Триесет и шестгодишен маж е приведен откако при претрес во неговото возило бил пронајден пиштол и куршуми.

„На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода А.И.(36) од с.Велешта. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм“, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот