Приватните автобусчии уште утре ќе ја подигнат документацијата за учество на јавниот повик на Град Скопје

По јавниот повик ѓто денеска го објави Град Скопје, со кој се бараат приватни превозници на 16 линии поделени во три пакет-линии, превозниците најавуваат дека утре ќе ја подигнат тендерската документација за да ја комплетираат потребната документација и во предвидениот рок да аплицираат на повикот.

Претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски денеска рече дека се надева дека на почетокот на април ќе се вратат на работа и повторно ќе бидат дел од јавниот градски превоз. Во однос на условите и возниот парк со кој располагаат, тој истакна дека ќе остане истиот возен парк, но дека имаат договор со градоначалничката Данела Арсовска да работат на подобрување на возниот парк и дека во иднина сите постари автобуси ќе бидат заменети со нови.

Со оглед на фактот дека „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ не можат да бидат вклучени во новиот повик, Зафировски информираше дека имаат формирано нови фирми за учество на новиот јавен повик.

 Ќе има три нови фирми, секоја фирма ќе го раководи својот пакет, а пакетите се поделени по пет линии, само еден пакет ќе има шест линии, рече Зафировски.

На  прашања за бројот на возачите кои ќе бидат вклучени и дали се вклучени сите кои работеле од порано, Зафировски рече дека нема да остане ниту еден возач на улица и оти за секој пакет е утврдено точно колку возачи ќе требаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот