Притвор за креаторот и за администраторот на „Јавна соба”

На Д.К. и М.П., осомничени за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија”, им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Тие денеска, како што информира Основниот кривичен суд, биле спроведени пред судија на претходна постапка.

– По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело, наведува Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот