Принцот Хари сака да се врати на кралските должности: Кралот Чарлс и принцот Вилијам се против тоа

Фото: EPA

Принцот Хари за време на интервјуто за „Гуд морнинг Америка“ изјави дека го сака своето семејство и дека се надева по дијагнозата на рак на неговиот татко повторно ќе се обединат сите. Потоа, се појави веста дека би сакал да му помогне на своето семејство во овие тешки моменти, односно би ја прифатил поканата повторно да преземе должности во британското кралско семејство.

Меѓутоа, како што пишува британски „Телеграф“ нема враќање назад во кралското семејство за војводата од Сасекс, за да преземе привремена работна улога додека неговиот татко е болен.

Условите на „Самитот во Сандрингем“, како што е договорено меѓу војводата и неговата покојна баба, татко и брат, сè уште стојат. Хари се откажа од должностите како активен член на кралското семејство и се обврза да не ја користи својата титула за комерцијални цели.

„Тие услови беа сосема јасни, а болеста на кралот не го промени тоа“, изјавил извор близок до семејството.

Инаку, неодамна Хари беше во Велика Британија без Меган Маркл и таму помина само еден ден. Тој се состана со кралот само 45 минути, а не се сретна со својот брат, принцот Вилијам, со кој има многу заладени односи.

Лекувањето на кралот Чарлс: „Ќе се користат помалку инвазивни методи“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот