Принцезата Евгенија објави среќна вест: Воодушевени сме што ни пристигнува нов член на семејството

Фото: Инстаграм

Принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк ќе станат родители по вторпат, соопштија од Бакингемската палата.

Евгенија, најстарата ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон, го роди нејзиниот прв син Август во февруари 2021 година.

„Принцезата Евгенија и Џек Бруксбанк со задоволство известуваат дека го очекуваат нивното второ дете ова лето. Семејството е воодушевено и Август со нетрпение очекува да стане поголем брат“, стои во соопштението на Бакингемската палата.

Набргу потоа, принцезата Евгенија сподели слатка фотографија на која нејзиниот син го бакнува нејзиното трудничко стомаче.

„Толку сме воодушевени што можеме да ја споделиме веста за доаѓањето на нов член на нашето семејство ова лето“, напиша 32-годишната принцеза, но сѐ уште не се знае дали парот ќе добие девојче или момче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Eugenie (@princesseugenie)

Како потсетување, принцезата Евгенија и Џек Бруксбанк почнаа да се состануваат во 2011 година. Две години подоцна, Евгенија го напушти Лондон за да работи во аукциска куќа во Њујорк. Во овој период, парот одржувал врска на далечина.

Бруксбанк ја запроси принцезата во 2018 година, кога и стапија во брак. Тие станаа родители на малечкиот Август во февруари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот