Прилепчанец повреден во тепачка за паркинг-место на бензинска пумпа

Фото: МИА

Жител на Прилеп вчеравечер бил повреден во тепачка околу паркинг-место на бензинска пумпа во градот, соопшти МВР.

„На 25.09.2022 во 00.15 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Градската општа болница Прилеп бил донесен повреден А.К.(38) од Прилеп. Според пријавеното, на 24.09.2022 околу 21.30 на бензинска станица во Прилеп, по претходно недоразбирање околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и уште едно лице, кое било во паркирано патничко возило „Опел Корса”“, велат од полицијата.

Во координација со Јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот