При лов усмртено лице на Кожуф

Во Полициската станица Гевгелија вчера утрото било пријавено дека на планината Кожуф имало повредено лице при лов.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, на место викано „Мала рупа“ и констатирале дека М.Т.(31) од село Богородица бил погоден од куршум од Б.Ѓ.(52) од Гевгелија и починал на местото на настанот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија. Б.Ѓ. бил приведен во полициска станица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот