Претставничка на СЗО: Би било добро кога сите земји би ги примениле мерките на Путин

Фото:ЕПА

Би било добро кога сите земји би обрнале внимание на мерките за сузбивање на коронавирусот какви што најави претседателот на Русија, Владимир Путин, во своето обраќање на нацијата.

Тоа го порача претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ.

„Сакав вчера да кажам: да го замолиме Владмир Владимирович да се обрати пред СЗО, на сите земји“, рече таа, а пренесува Тасс.

Според нејзниот зборови, СЗО со години предупредувале дека борбата против глобалните епидемиии не е само здравствена нега туку подразбира и социјални и економски мерки кои Путин, како што вели, јасно ги најавил.

Додаде дека извештајот веднаш го претставила на официјалните лица на СЗО кои „биле изненадени“ со обраќањето на Путин. Исто така истакнала дека СЗО ги следи праксите и стратегиите кои ги применуваат земјите и додаде дека СЗО може да извлече поука од руското искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот