Претседателот на Уганда покажа како се прават склекови во домашни услови и порача: Останете дома и вежбајте (ВИДЕО)

– Не мора да вежбате на отворено. Еве моја демонстрација како може да вежбате во затворено и да останете безбедни, додаде тој.

Додека земјите ширум светот се борат да ги задржат граѓаните во нивните домови и така да го запрат ширењето на коронавирусот, претседателот на Уганда Јовери Мусевени се обидува нешто поинаку.

Имено, тој, во желба да ги охрабри граѓаните на Уганда да останат дома во текот на ограничувањето на движењето, 75- годишниот лидер објави свое видео од тоа како вежба дома, пренесува Си Ен Ен.

Мусевени во средата на својот Твитер профил ги предупреди граѓаните на својата земја да не вежбаат надвор, објавувајќи: „Ако сакате да вежбате, тоа може да го правите во затворен простор“. Тој потоа во четвртокот твитна видео во кое трча низ својата канцеларија и прави склекови во сива тренерка, додека во позадина се слуша глас кој брои до 30.

– Не мора да вежбате на отворено. Еве моја демонстрација како може да вежбате во затворено и да останете безбедни, додаде тој.

Во Уганда со цел сузбивање на коронавирусот, воведен е полициски час и затворени се училиштата, а јавните собири, конференции и молитвите се забранети.

Досега во Уганда се забележани 53 потврдени случаи на коронавирус, според податоците на Џонс Хопкинс Универзитетот и Министерството за здравство на таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот