Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведен дилер

Илустративна фотографија/Архива на Слободен печат

При претрес на полицијата пронајдена кај дваесет и шестгодишен дилер од Кичево при што бил приведен.

„Денеска (19.10.2023) околу 02.30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Е.З.(26) од Кичево. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја“, информираат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот