Претепан демонстрант од Белград раскажува: Ги прашав – луѓе, дали за ова ве плаќаат, да го тепате својот народ? (ВИДЕО)

Полицијата во Белград, ноќеска околу 23:00 часот тргна во интервенција против граѓаните што се обидоа да влезат во Собранието за време масовниот протест против претседателот Александар Вучиќ. 

7 јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Повеќе лица се повредени и уапсени во интервенцијата, пренесе Нова.рс, а еден од повредените раскажува што се случило.

„Стоев пред нив и ги прашав – луѓе, дали за ова ве плаќаат, да го тепате својот народ? Тогаш нагрнаа од тука и почнаа да шибаат кого ќе стигнат. Ме дограбија мене… Сè е во ред“, изјави еден од тепаните демонстранти со крв на лицето:

На социјалните медиуми се споделуваат и други вознемирувачки снимки на кои се гледа како полицијата брутално претепа мирни демонстрати кои седат на клупа, а во еден момент на камера се гледа неуспешен обид на полицаец да ја спречи новинарката Јелена Зориќ од Н1 да ја пренесе репортажата во живо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот